За време на зимската сезона во Сараево и некои градови во БиХ дозволената концентрација на лебдечки честички се надминува речиси секој ден / Photo: AA

Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, утрово се најде на врвот на листата на светски градови со најзагаден воздух, покажуваат податоците на порталот „IQAir“.

Сараево во петокот наутро беше петти на листата на најзагадени градови, а квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина беше оценет како нездрав, со индекс на квалитет 162.

На врвот на листата е Лахоре (Пакистан), чиј индекс за квалитет на воздухот е 565, потоа Њу Делхи (Индија) со индекс 256 и Пекинг (Кина) со индекс 204.

Швајцарскиот „IQAir“ има повеќе од 10.000 мерни станици ширум светот и го покажува квалитетот на воздухот низ целата планета.

За време на зимската сезона во Сараево и некои градови во Босна и Херцеговина, дозволената концентрација на лебдечки честички се надминува речиси секој ден, а најголеми причинители за загадувањето се индустриските постројки, сообраќајот, согорувањето на отпадот и индивидуалните камини.

AA
Популарни