Со пригодна програма и со перформанс на Плоштадот на децата на Сараево одбележан е Денот на сеќавање на убиените деца на главниот град на Босна и Херцеговина и упатена е силна критика поради повеќедецениското изостанување на процесуирање и казнување на злосторниците.
На настанот присуствуваа семејствата на убиените, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ, како и бројни претставници на сите нивоа на власта и здруженија.
Владата на Кантонот на Сараево на 5 септември 2019 година донесе одлука дека 5 мај ќе го одбележува како Ден на сеќавање на убиените деца на Сараево во периодот 1992-1995. Овој датум се одбележува со пригодни манифестации на Спомен обележјето на убиените деца на Сараево и историскиот час во основите и средните училишта на Кантонот Сараево.
Фикрет Грабовица, претседател на Здружението на родителите на убиените деца на опколеното Сараево, потсети дека во текот на опсадата на градот се убиени 1.601 дете, а дека семејствата и понатаму највеќе ги мачи тоа што никој од одговорните за злосторствата не е процесуиран.
„Од таа причина денес тука во хорот ќе бидат присутни 1.601 дете. Тоа е симболика бидејќи тоа бројот на убиените деца во текот на опсадата на градот и оди универзален перформанс со порака, исклучиво кон Обвинителството на БиХ бидејќи во изминатите три децении уште ниту едно обвинение не покренаа, а не да ги процесуираат и казнат оние кои сторија толку брутални злосторства над најмладата популација на овој град“, рече Грабовица.
Нагласувајќи дека организаторите веруваат дека денешниот настап силно ќе одекне во јавноста, Грабовица рече дека сакаат да ги потсетат сите што се случувало овде и колку се важни мирот и слободата за никогаш никому да не му се повтори злото од 90-тите.
Тој на присутните им порача дека денешната програма е организирана за потсетување на страшната вистина и големата болка предизвикана од страдањето на децата за време на опсадата на Сараево.
Тој додаде дека денеска не сакаат да зборуваат за омраза, туку дека сакаат само вистината никогаш да не се заборави и да послужи како предупредување со цел никому никогаш да не му се случи слично зло.
Америса Ахметовиќ, претседател на Здружението на цивилни жртви на војната, истакна дека е неопходно да се промени пристапот и поинтензивно да се работи на зајакнување на културата на сеќавање и предупредување.