Земјотрес имало и во близина на островот Чиово, на 3 километри јужно од Трогир / Photo: EMSC

Утрово во 6.31 часот, сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа умерен земјотрес со епицентар во близина на островот Чиово, на 3 километри јужно од Трогир.

Магнитудата на земјотресот била 3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил IV степен според ЕМС.

Во 6.32 часот бил регистриран земјотресот со силина од 2,8 степени според Рихтер со епицентар на 15 километри југозападно од Сански Мост во Босна и Херцеговина, на длабочина од само пет километри.

Земјотресот е регистриран од Европско-медитеранскиот сеизмички центар.

Земјотрес со јачина од 1,1 степени според Рихтеровата скала во 5.01 часот е почувствуван и во Словенија. Неговиот епицентар бил во близина на Ново Место, 51 километар југозападно од Љубљана.

Пет земјотреси беа регистрирани и во Србија во вторникот. Сите беа со јачина помала од 3 степени според Рихтеровата скала.

TRT Balkan / агенции
Популарни