Шаленберг: „ЕУ е клучен двигател на стабилноста“     Фото:

Министерот за надворешни работи на Австрија Александер Шаленберг во Белград истакна дека Европската унија (ЕУ) е клучен двигател за стабилност и соработка на ЕУ и никој друг.

На заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ, укажа дека двете земји имаат долгогодишно многу блиско пријателство, како и дека ги поврзува културен и човечки мост.

Шаленберг истакна дека потегот на Русија предизвика голем шок кој се чувствува секаде, па и во Србија.

„Русија со своите потези премина и надвор од самата Украина и би можела да дестабилизира други простори. Мислам дека е од суштинско геостратешко значење на Европската унија сега јасно да кажеме дека очекуваме овој регион на Западен Балкан да стане надвор од секој сомнеж дел од ЕУ, тука да се спроведе европскиот начин на живот. Тоа воедно е заштита од дестабилизација“, порача Шаленберг.

Пристап „чекор по чекор“

Говорејќи за австрискиот „нон-пејпер“, рече дека од ветувањата во Солун поминале 19 години, што е предолго.

„Нашиот предлог е кон државите од регионот чекор по чекор од една во друга област, било да е енергија, сообраќај или нешто друго, да се однесуваме како кон полноправни членки. Европската перспектива не е еднонасочна улица. Се наоѓаме пред потрес од корен на нашиот безбедносен систем во Европа. Никој не може да се надева дека ќе биде само набљудувач од страна“, потенцираше австрискиот канцелар.

Шаленберг рече дека Австрија со охрабрување виде јасен став на сите земји од регионот на седницата на Обединетите нации за осудата на агресијата на Русија, додавајќи дека така треба да продолжат.

„Србија како најголема земја во регионот споделува и значителна одговорност“, нагласи шефот на австриската дипломатија.

Важност на регионалната соработка

Тој рече дека регионалната соработка и стабилноста се важни, дека е важно да постои регионален пазар и изрази благодарност до Германија и канцеларот Олаф Шолц што ќе го продолжи Берлинскиот процес, бидејќи, како што вели, бил инкубатор во кој настанаа идеи за соработка.

„Ако зборуваме за регионална стабилност многу е важна постепената нормализација на односите на Белград и Приштина. Ме радува што претседателот Александар Вучиќ изјави дека ќе се обиде да направи сѐ за да дојде до поместување. Дијалог се иглените уши низ кои се набљудува регионот и затоа е важен“, оцени Шаленберг.

Упати и апел и покрај сите потешкотии да се напредува. Тој наведе дека доаѓа од средна Европа која е полна историја и која правела повеќе проблеми, но и нагласи дека треба да се погледне каде е сега тој дел од континентот.

„Истиот модел на успех може да функционира и тука. Клучен двигател беше ЕУ и никој друг“, нагласува австрискиот министер за надворешни работи.

По Белград, Шаленберг престојува во Приштина каде што ќе се состане со претставниците на државниот врв на Косово.

TRT Balkan / агенции
Популарни