Најмалку 16 лица загинаа откако потона брод со нерегуларни мигранти кај островот Лезбос во Егејското Море.
Според веста што ја објави грчката државна информативна агенција АМНА, во потонатиот чамец се наоѓале околу 40 нерегуларни мигранти.
Во веста се наведува дека 16 лица кои ги загубиле животите се млади жени со африканско потекло, а деветмина од спасените нерегуларни мигранти се пренесени во државната болница на островот Лезбос. Продолжува потрагата по околу 15 исчезнати лица.
AA