Парламентот на Албанија на денешната седница во тензична атмосфера го ратификува Протоколот меѓу Албанија и Италија за зајакнување на соработката во областа на миграцијата.
Предметниот протокол беше одобрен во услови на тензии на денешната собраниска седница, со 77 гласа „за“, ниту еден против и ниту еден воздржан од 140-те пратеници во Парламентот на Албанија.
Во меѓувреме, продолжуваат тензиите во Парламентот на Албанија, откако и на денешната седница не се одржаа дискусиите за предлог-законите ставени на дневен ред.
Опозициските пратеници од Демократската партија ги блокираа дискусиите на седницата, блокирајќи ја собраниската говорница, но и со испраќање пораки преку разглас.
Според договорот, потпишан од Мелони и албанскиот премиер Еди Рама во Рим на 6 ноември минатата година, до 3.000 мигранти годишно, ќе бидат префрлени во Албанија.
Италија ќе ги води процедурите за пристигнување и идентификација и ќе постави прв центар за прием и скрининг во северозападното албанско пристаниште Шенѓин, додека во областа Ѓадер ќе формира центар за задржување и репатријација за следните процедури.