Лекарите и здравствените работници во болниците од јавниот сектор во Грција денес одржаа протестен марш, со цел да ја притиснат Владата да ги зголеми платите и за други прашања, како што се вработување нови лекари и договори на неодредено време.
Панхеленската федерација на работници од државните болници во соопштението објавено на нејзината веб-страница соопшти дека одлуката на организацијата да протестира, заедно со Федерацијата на грчките здруженија на болнички лекари, е поддржана од Синдикатот на грчките државни службеници.
Лекарите и другите здравствени работници бараат нивните плати да се удвојат, а бонусите да им бидат исплатени навреме и без данок.
Тие побараа и зголемување на бројот на здравствени работници во државните болници.
Лекарите и вработените во болниците најавија протест и утре пред Министерството за здравство во Атина.