Во одредени подрачја пожарот стигна до плажата, а единиците на Крајбрежната стража спасија девет лица од тоа подрачје    Фото: Ројтерс

Грчките власти одлучија да ги евакуираат населените подрачја во регијата Вриса бидејќи шумскиот пожар што избувна вчера на островот Лезбос сè уште не е ставен под контрола.

Многу куќи и туристички објекти се евакуирани поради претпазливост, пишуваат грчките медиуми. Пожарот што избувна во шумскиот предел се прошири на станбено подрачје поради ветрот со променлив правец.

Освен Грчките вооружени сили и полицијата, гаснењето на пожарот, кое продолжи од воздух и од копно, го поддржаа и граѓани доброволци.

Во одредени подрачја пожарот стигна до плажата, а единиците на Крајбрежната стража спасија девет лица од тоа подрачје. Во амбулантата на островот вчера му е пружена лекарска помош на пожарникар кој во текот на гаснењето на пожарот е полесно повреден.

Пожарот во местото Софулу, во близина на Марица, веќе четврти ден не може да се стави под контрола. Населените места во близина на пожарот се евакуирани. Постојаната промена на правецот на пламенот ја отежнува работата и гаснењето.

Пожарот се прошири и на Националниот парк Шума Дадиа, кој е вклучен во Натура 2000, прогласена мрежа за заштита на природната средина во границите на Европската Унија (ЕУ).

AA
Популарни