Сиљановска-Давкова ја истакна својата посветеност за натамошно зајакнување на билатералните односи меѓу двете држави / Photo: Кабинет на Претседател на РСМ

Потпретседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Махмут Чевик, за време на својата посета на Северна Македонија беше примен од претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.

По средбата, претседателката на Северна Македонија на својот профил на социјалната мрежа Х објави:

„Благодарност за долгогодишната поддршка и за реализираните проекти, како и за личниот придонес на г. Чевик во таа насока. Република Турција од првите денови на нашата независност е наш верен пријател и сојузник, кој ни дава поддршка во сите области.“

Таа во својата објава наведе дека на средбата разговарале и за идните планови на агенцијата преку реализација на повеќе проекти во земјата.

На крајот, претседателката Сиљановска-Давкова додаде:

„Како претседателка на државата сум посветена за натамошно зајакнување на билатералните односи меѓу двете држави.“

TRT Balkan / агенции
Популарни