БПЦ препорачува братски дијалг за името на црквата     Фото: МИА  / Photo: MIA

Синодот на Бугарската православна црква (БПЦ) на својата редовна седница официјално го прифати томосот што го издаде Српската православна црква (СПЦ) и нејзиниот поглавар Порфириј, со кој и беше дадена автокефалност на Македонската православна црква (МПЦ).

Според одлуката, БПЦ изразува препорака прашањето за официјалното име да се реши во братски дијалог со гркојазичните и другите помесни православни цркви. Синодот на БПЦ на спомнувањето на имињата на поглаварите на православните цркви во својот диптих додаде дека архиепископот Стефан треба да се споменува како „блажениот Стефан Архиепископ на Северна Македонија“.

Во јуни годинава поглаварот на СПЦ Порфириј на поглаварот на МПЦ-ОА (Македонска православна црква - Охридска архиепископија), господин господин Стефан му го предаде томосот за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

Претходно двете цркви, МПЦ и СПЦ го надминаа децеенискиот спор и одржаа две заеднички литургии во Скопје и Белград со кои чиноначалствуваа поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ, архиепископот охридски и македонски Стефан и патријархот српски Порфириј.

TRT Balkan / агенции
Популарни