Прислушкувањата се вршени со знаење на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, наведува грчкиот весник „Документо“. / Фото: Ројтерс / Photo: Reuters

Бројни личности од политичкиот, медиумскиот и деловниот свет, вклучувајќи го и поранешниот премиер Антонис Самарас и министерот за надворешни работи Никос Дендиас во Грција, наводно се прислушкувани со помош на шпиунски софтвер.

Шпиунската програма наречена „Предатор“ ја користела грчката разузнавачка агенција (EYP) во текот на прислушувањата кои се вршени со знаење на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, тврди грчкиот весник „Документо“ (Documento).

Во текстот во кој авторот се повикува на неименуван извор, на „списокот на прислушкувани“ наведени се имиња на 32 лица од политичкиот, медиумскиот и деловниот свет.

На листата на прислушкувани се најдоа поранешниот премиер Самарас, поранешните министри за заштита на граѓаните Михалис Хрисоходис и Олга Јеровасили, министерот за надворешни работи Никос Дендиас, министерот за развој и инвестиции Андонис Јеоргиадис, поранешниот министер за здравство Василис Киклиас, главниот уредник на весникот „Катимерини“ Алексис Папахелас, заменик министерот за финансии Никос Хардалис, заменик министерот за одбрана Кристос Стаикурас, министерот за труд Костис Хацидакис, градоначалници и лица од опозицијата, се најдоа на листата на прислушкуваните.

Во веста се тврди дека на листата се блиски колеги на Мицотакис, како и потенцијални ривали во рамките на партијата, како и дека некои луѓе се прислушкувани на телефоните на нивните сопружници и блиските кругови. Грчкиот весник тврди дека Мицотакис во потполност е одговорен за скандалот.

Меѓународниот институт за печат (IPI) во април извести дека мобилниот телефон на грчкиот новинар Танасис Кукакис 10 недели во текот на 2021 година е следен со шпиунскиот софтвер наречен „Предатор“.

Никос Андрулакис, лидерот на опозициската партија Движење за промени (КИНАЛ) и пратеникот во Европскиот парламент Христос Спиртис, пратеник на главната опозициска партија Алијанса на радикалната лева страна (СИРИЗА), исто така поднесоа кривична пријава поради обидот за инсталирање на истата шпиунска програма на нивните телефони.

Генералниот секретар на Кабинетот на премиерот Григорис Димитрадис, кој наводно е во комерсијални односи со претседателот на ЕЈП, Панагиотис Контолеон и „Предатор“, а кој исто така е внук на Мицотакис, поднесе оставка на својата должност поради скандалот.

TRT Balkan / агенции
Популарни