Специјален состанок на Постојаниот комитет на ПАБСЕК во Истанбул

По повод денот на основањето на ПАБСЕК, денеска (27 февруари 2025 година), во Истанбул се оддржа Специјален состанок на Постојаниот комитет.

Како што информираат од Собранието на РСМ, на состанокот присуствуваа националните делегации на Азербејџан, Бугарија, Грција, Молдавија, Северна Македонија и Туркије.

Состанокот го водеше Фатих Донмез, потпретседател на ПАБСЕК и шеф на Делегацијата на Туркије во ПАБСЕК.

„Kако клучен механизам за парламентарна соработка во регионот на Црното Море, Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК), oд своето основање нa 26 февруари 1993 година, континуирано работи на зајакнување на економските, политичките и културните врски меѓу земјите-членки, промовирајќи дијалог, стабилност и развој. Овој ден е потсетник на важноста на партнерството и заедничките напори во градењето на посилна и поодржлива регионална соработка“, се вели во соопштението.

ПАБСЕК останува посветен на својата мисија за подобрување на економските и социјалните перспективи на народите од регионот, со визија за уште поефикасна и продлабочена соработка во иднина.

TRT Balkan / агенции
Популарни