Наводно, патничкиот воз превезувал 250 луѓе и бил на пат од Атина кон Солун              Фото: Ројтерс

Бројот на загинати во судирот на патнички и товарен воз во северна Грција се искачи на 36. Според наводите, патничкиот воз превезувал 346 луѓе и бил на пат од Атина кон Солун, а возовите се судриле во градот Темпи во северната провинција Лариса. Најмалку 130 луѓе се повредени.

Наводно, патничкиот воз бил на пат од Атина кон Солун. Според извештаите, неколку вагони излетале од шините и најмалку три од нив се запалиле.

Слушнавме голема експлозија, беа 10 кошмарни секунди“, рече Стергиос Миненис, 28-годишен патник кој скокна на безбедно.

„Се превртувавме во вагонот додека не паднавме на страна...тогаш настана паника, кабли (насекаде) пожар, пожарот беше моментален, додека се превртувавме горевме, пожарот беше од сите страни“.

„Беше како земјотрес“, изјави за ЕРТ Ангелос Циамурас, друг патник.

Константинос Агорастор, гувернер на поширокиот регион Тесалија, изјави за ТВ СКАИ дека двата воза директно се судриле - патнички воз што патувал од Атина до северниот град Солун и товарен воз од Солун до Лариса.

„Тие се движеа со голема брзина и едниот (возачот) не знаеше дека другиот доаѓа“, рече гувернерот.

„Судирот беше многу силен“, првите четири вагони излетаа од шините, додека првите два беа „речиси целосно уништени“, додаде тој.

Ударот предизвика пожар во голем број патнички вагони, при што беа зафатени многу патници кои итно беа префрлени во болниците. Официјални лица рекоа дека армијата била контактирана за помош.

Железничкиот оператор Хеленик Трејн соопшти дека во патничкиот воз од Атина до Солун, кој одел кон север, имало околу 350 патници кога се случил судирот.

Околу 250 патници се безбедно евакуирани во Солун со автобуси.

„Процесот на евакуација е во тек и се изведува под многу тешки услови поради сериозноста на судирот меѓу двата воза“, изјави портпаролот на противпожарната служба на прес-конференција претходно во средата.

Радиодифузерот СКАИ прикажа снимка од вагони кои излетале од шините, тешко оштетени со скршени стакла и обрачи од чад, како и остатоци расфрлани по патот.

Спасувачките работници биле видени како носат светилки во вагоните барајќи заробени патници.

На местото на настанот се испратени најмалку 30 возила на брза помош.

На местото на несреќата и понатаму се во тек напорите за пребарување и спасување.

Туркије изрази сочувство

Турското Министерство за надворешни работи објави соопштение за сочувство, во кое изразува жалење за загубата на животи.

„Со тага дознавме дека многу луѓе ги загубија животите и беа повредени синоќа како последица на железничка несреќа во нашиот сосед Грција“, соопшти Министерството.

„Изразуваме сочувство до роднините на оние кои ги загубија животите во оваа трагична несреќа, како и до народот и владата на Грција и им посакуваме брзо закрепнување на повредените.

TRT Balkan / агенции
Популарни