Топлотен бран над Хрватска / Photo: AA

Летниот топлотен бран денеска ја зафати цела Хрватска. Во Загреб за време на пладневните горештини е можно да се сретнат само неколку минувачи и туристи кои се шетаат низ центарот на градот со капи или чадори за сонце и ги разгледуваат знаменитостите на градот.

„Сончево, ведро и топло. Во внатрешноста слаб ветер, на Јадранот до умерен југозападен, на отворено море и северозападен. Највисоката дневна температура на воздухот е претежно помеѓу 30 и 35 °C“, се вели во прогнозата на Хрватскиот државен хидрометеоролошки завод (ДХМЗ).

Неколку туристи и странски градежни работници ја користат пладневната пауза за да се разладат на тревникот во паркот Зрињевац, во близина на фонтаните.

И во наредните денови високи температури ги очекуваат и Загреб и Хрватска, поради што ДХМЗ издаде предупредувања, особено за постарите и хронично болните.

TRT Balkan / агенции
Популарни