Три децении пријателски и економски односи на Хрватска и Туркије     Фото: АА

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган допатува во официјална посета на Република Хрватска. Турскиот претседател ќе престојува во Хрватска, земјата со која Туркије негува пријателски односи веќе три децении, на покана на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Ердоган во текот на посетата, освен со Милановиќ, ќе се состане со претседателот на хрватскиот Сабор Горан Хандроковиќ и со претседателот на Владата на Хрватска Андреј Пленковиќ, со кој потоа ќе отпатува во Сисак, град со нешто повеќе од 40.000 жители сместен југоисточно од главниот град Загреб, каде официјално ќе го отвори Исламскиот културен центар во рамките на кој е изградена и џамија.

Турската агенција за меѓународна соработка (ТИКА) најмногу придонесе во изградба на џамијата и Исламскиот центар. Со турскиот претседател Ердоган, на отворањето ќе присуствува и претседателот на Управата за верски работи (Дијанет) на Република Туркије Али Ербас, генералниот директор на ТИКА Серкан Кајалар. Делегацијата на Исламската заедница на Босна и Херцеговина на свеченоста ќе ја предводи реису-л-улема Хусеин Кавазовиќ, а на отворањето ќе присуствуваат и претседателот на Мешихатот на Исламската заедница во Хрватска муфтија академик Азиз Хасановиќ, како и бројни други функционери.

Изградбата и отворањето на Исламскиот центар и џамијата за муслиманите на Сисак е историски момент, што доволно говори за значајот на турското учество во изградбата на овој верски и културен објект.

Билатералните односи на Хрватска и Туркије веќе три децении одат во нагорна линија. Туркије на 6 февруари во 1992 година беше меѓу првите држави во светот кои ја признаа независноста на Хрватска. Со тоа воедно почна новата ера во турско-хрватските односи.

Двете држави почнаа преговори за членство со Европската Унија (ЕУ) кон крајот на 2005 година. Хрватска во 2013 година стана членка на ЕУ. Претходно, во 2009 година, Хрватска стана членка на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) чија членка е Туркије од 1952 година, со што двете земји станаа сојузници во рамките на воено-политичкиот сојуз.

Нивната соработка се одвива и во мултилатералните форуми како ЕУ и Обединетите нации. Кога станува збор за регионот на Балканот и пошироко, двете држави се насочени кон јакнење на регионален мир и стабилноста каде учествуваат во работата на платформите како Процесот за соработка во Југоисточна Европа како и трилатералниот механизам Туркије-Хрватска-Босна и Херцеговина.

Паралелно со политичките, напредуваат и вкупните економски односи. Трговската размена помеѓу двете земји за сето време имаа нагорен тренд, кој беше кратко запрен во пандемската 2020 година.

Но вкупниот обем на трговската размена до крајот на 2021 година изнесуваше завидни 890 милиони долари (податоци од Амбасадата на Туркије во Хрватска од 2022 година). Заедничка цел, поставена уште во текот на последната посета на турскиот претседател Ердоган на Загреб во април 2016 година, во наредниот краткорочен период достигнуваат милијарда долари трговска размена.

Ова сигурно е една од темите за која ќе стане збор и во текот на оваа посета на турскиот претседател, особено поради фактот дека Хрватска од наредна година ќе влезе во шенгенското подрачје, со што се отвораат нови перспективи на соработка помеѓу двете земји.

Во прилог на јакнење на економските односи оди и фактот што во Хрватска во последните години се бележи се поголема присутност на турските инвеститори, како и тоа што моментално во земјата делуваат неколку десетици турски компаниикои вложуваат првенствено во секторот на туризмот, градежништвото, банкарството, но и инфраструктурата и обновливите извори на енергија.

Хрватска, освен тоа, за Туркије е важна транзитна земја кога станува збор за копнениот превоз. Преку Хрватска годишно поминуваат десетици илјади камиони со турски регистарски ознаки.

Ова е податокот кој во неодамнешното интервју за Агенција Анадолија (АА) го изнесе амбасадорот на Туркије во Хрватска Мустафа Бабур Хизлан. Турската државна авиокомпанија „Турк Хавајолари“ реализира десет летови на релација Истанбул-Загреб и два лета на релација Истанбул-Дубровник во зимската сезона.

„Од друга страна, теренските услуги на аеродромот во Загреб и услугите за храна и пијалаци нудат турските компании“, додаде Хизлан.

Освен економските, помеѓу двете земји се развива и соработка на полето на културата. Во Загреб, освен претставништво на ТИКА, делува и подружница на Турскиот културен институт „Јунус Емре“ кој придонесува со заеднички проекти на двете земји на полето на кинематографијата, музиката, книжевноста, гастрономијата.

AA
Популарни