Туркије го има вториот по големина контингент во КФОР / Photo: AA

Турските вооружени сили утре од Италија ќе ја преземат командната улога на мировните сили на НАТО на Косово (КФОР).

Мисијата КФОР на Косово беше покрената на 12 јуни 1999 година со одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации, а во неа учествуваат речиси 4.500 војници од 27 земји, меѓу кои 21 членка на НАТО и шест земји надвор од таа организација.

Италија на 10 октомври минатата година ја презеде командната улога на КФОР од Унгарија, а утре таа улога ќе ја преземе Туркије.

Министерството за одбрана на Туркије, кое го има вториот по големина контингент во КФОР, соопшти дека КФОР е една од најважните мисии за зачувување на мирот и стабилноста на Балканот.

„Од формирањето на КФОР, Туркије придонесува во таа мисија. Со дополнителни оперативни сили ние сме еден од столбовите на таа мисија“, рече Анкара.

Туркије има силни културни и историски врски и верува дека мисијата КФОР е сè уште неопходна со оглед на нејзината клучна улога за мир.

Туркије најави континуирана поддршка за таа мисија.

AA
Популарни