Освен Денот на победата, Туркије денес го одбележува и Денот на вооружените сили.     Фото :Ројтерс

Со пригодни манифестации и програми ширум Туркије денес се одбележува националниот празник Денот на победата, посветен на големата победа која турските сили ја извојувале пред точно 100 години.

Освен Денот на победата, Туркије денес го одбележува и Денот на вооружените сили.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе го предводи државниот врв на свечената церемонија во комплексот Антикабир, мавзолејот на основачот на Република Туркије Мустафа Кемал Ататурк во Анкара.

Свечениот прием по повод националниот празник ќе биде организиран во Претседателската палата во Анкара.     Фото:  AA

Во таа пригода ќе биде интонирана националната химна на Република Туркије и ќе биде положено цвеќе. Свечениот прием по повод националниот празник ќе биде организиран во Претседателската палата во Анкара.

Празникот Денот на победата се одбележува по повод сеќавање на последната битка во војната за независност, по која е прогласена Република Туркије.

Предводени од војсководецот и основачот на модерна Република Туркије Мустафа Кемал Ататурк, турските сили на денешен ден пред 100 години, забележаа голема победа во Битката на Думлупинар, последна во Војната за независност на Туркије која е водена од 1919 до 1922 година.

AA
Популарни