Тој беше момче кое сакаше се, ја започна приказната Хидајет Ѓозиќ, кој ќе го погреба својот брат Семир на гробиштата во Меморијалниот центар Сребреница - Поточари. Имал само 17 години кога бил убиен, а неговите останки биле ексхумирани во 2002 година.
„Имаше 17 години. Тргна со татко му преку шумата, кога сите тргнавме. Сепак, некаде по пат се разделија. Таткото стигнал до Удрч, но некој му рекол дека го видел синот назад, дека не успеал да го помине Јадар и се вратил да го бара. Но, не го најде и татко ми беше фатен таму. Брат ми е пронајден во 2002 година во Каменица. Телото не е целосно“, раскажа Хидајет.
Чекаа да пронајдат уште посмртни остатоци, меѓутоа, до денес не е пронајдено ништо. Одлучија да ги погребаат неговите посмртни остатоци, да има гроб и да имаат каде да отидат за молитва. „Беше момче од 17 години. Не носеше пушка, никому ништо не направи. Кога почна војната имаше 13 години. Остана желен за се… За чоколадо, патики, топки… Сето она што му е потребно на едно момче. Тешко е, срце да пукне. Тука го закопав и татко ми. Посмртните останки се пронајдени во Каменица и во Зелени Јадр“, раскажа Хидајет.
Оваа година на гробиштата на Меморијалниот центар во Поточари ќе бидат погребани посмртните останки на 30 жртви на геноцидот извршен во јули 1995 година врз жителите на „заштитената зона на ОН“ во Сребреница. Оваа година на гробиштата во Меморијалниот центар во Поточари ќе бидат погребани посмртните останки на 30 жртви на геноцидот извршен во јули 1995 година врз жителите на „заштитената зона на ОН“ во Сребреница.
Меѓу жртвите што годинава ќе бидат погребани ќе има и четири малолетници. Најмладата жртва што ќе биде погребана оваа година е момчето Елвир Салчиновиќ, кое имало 15 години кога било убиено. Тој бил убиен во областа Баљковица, а неговите останки беа ексхумирани од масовната гробница Липље кај Зворник во 2001 година.
Иако беше идентификуван уште во 2011 година, неговото семејство не најде сила да го погребе Елвир сѐ до оваа година. Последниот мир ќе го најде со татко му Турабија и брат Алмир, кои беа погребани во Поточари во 2003 и 2011 година.
Ќе бидат погребани и двајца 16-годишници, Мустафа Меканиќ и Есед Клемпиќ. Нивните останки беа ексхумирани во текот на 2001 година на различни локации, на подрачјето на Глогова и Каменица. Тие беа идентификувани и во претходните години - 2008 и 2013 година, но дури сега е добиена согласност за нивно погребување.
Незир Муминовиќ е најстарата жртва на геноцидот во Сребреница што ќе биде погребана оваа година. Во моментот кога бил убиен имал 65 години, а неговите посмртни останки биле ексхумирани во областа Каменица во 2007 година.
Оваа година ќе бидат погребани и татко и син - Вејсил и Хасиб Мујановиќ.
Секоја година, по колективниот погреб на жртвите од геноцидот во Сребреница во 1995 година, во Поточари се врши реексхумација на претходно закопаните жртви, со цел да се додадат посмртните останки што подоцна се пронајдени.
Оваа години ќе се отвори 71 гроб (мезар). Во просториите на проектот за идентификација Подриње има околу 400 останки што, исто така, го чекаат процесот на реексхумација и реасоцијација.