Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница ги укина лиценците за игри на среќа на Интернет.
Како што велат од Владата, лиценците се одземаат поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување.
„Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за престанување на дрвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија ‘Ново ВЛТ‘ и друштвата за приредување интернет игри на среќа ‘Моцарт’, ’77 Битс’ и ‘Везус‘ во кои содружник е Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија ‘Касинос Аустриа‘‘, велат од Владата.