Министерството за внатрешни работи на Република Туркије соопшти дека бегалецот од црвената потерница на Интерпол, Фарук Фатих Озер, основач на берзата за криптовалути „Тодекс“, е фатен во Албанија.
Во соопштението се наведува дека албанскиот министер за внатрешни работи Бледар Чучи утрово го известил својот турски колега Сулејман Сојлу дека бегалецот Озер е фатен во Валона, и дека неговиот идентитет е потврден.
Исто така се наведува дека надлежниот оддел покренал и постапка за испорачување на Озер во Туркије.
Озер е обвинет за измама преку берзата за криптовалути „Tодекс“. Истрагата против него беше покрената на 22 април минатата година откако корисниците на берзата пријавија дека немаат пристап до нивните пари. Озер ја напушти Туркије на 20 април, а на 23 април по него беше распишана потерница од Интерпол. Турското обвинителство во Анкара издаде налози за апсење на неколкумина осомничени во случајот „Тодекс“.