Во Албанија денеска се одджуваат локални избори. На овие избори се гласа за 61 градоначалник и над 1.600 кандидати за општински советници.
Надлежните институции соопштија дека за безбедност на изборниот процес се ангажирани 7.530 полициски службеници.
Полицијата ќе обезбеди 5.211 избирачки места, 92 зонски комисии за избори и 92 места за броење гласови.
Според правилникот на Централната изборна комисија, градоначалниците се избираат по мнозински систем, додека членовите на советите се избираат по пропорционален систем со затворени листи.
Бројот на членовите на општинските совети избрани во секоја општина се определува врз основа на населението и варира од 15 до 61 мандат.
Електронско гласање во 3 општини
Албанија на овие избори тестира електронско гласање, преку тест проект кој првично ќе се применува во 3 општини.
Гласачите во општините Елбасан, Камез и Воре ќе гласаат преку Електронска опрема за гласање и броење.
Државниот комесар за избори Илирјан Челибаши рече дека со тестирање се проверуваат аспектите на функционалноста на уредите како за случајот на нивна употреба од страна на гласачите, така и за случајот на пренесување на информациите што овие уреди ќе ги имаат на денот на гласање, информации кои ќе бидат пренесени до центарот за обработка на податоци при ЦИК.
Целибаши увери дека постои целосна гаранција за зачувување на тајноста на гласањето при електронското гласање.