Во присуство на голем број граѓани и политички лидери, поранешниот премиер на земјата Костас Симитис денеска беше погребан на гробиштата во Атина, по опелото што се одржа во храмот Благовестие.
Како што објави грчкиот весник „Катимерини“, на погребот присуствувале грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и премиерот Киријакос Мицотакис, заедно со други истакнати личности.
За време на неговото обраќање, премиерот Мицотакис му оддаде почит на „борецот за демократија и благородниот политички противник“, кој, како што рече, одби да ги компромитира неговите принципи и да усвои популистички слогани.
Како клучни достигнувања на Симитис, Мицотакис ги наведе големите инфраструктурни проекти, неговата работа за пристапот на Администрацијата на кипарските Грци во Европската унија и влезот на Грција во еврозоната.
„Тој храбро ја постави границата високо и служеше на визијата за силна и праведна Грција во Европа“, рече грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.
Како што објави Ројтерс, додека автомобилот со ковчегот на Симитис се движел низ улиците на Атина, сообраќајот бил запрен, додека илјадници луѓе се собрале пред митрополитската катедралата каде што се одржал погребот.
Симитис, кој почина минатата недела на 88-годишна возраст, беше премиер на Грција во два последователни мандати од 1996 до 2004 година, како лидер на Социјалистичката партија ПАСОК, чиј коосновач беше.
За време на неговиот мандат во 2001 година еврото беше воведена во Грција како единствена валута.
За време на мандатот на Симитис, Грција беше домаќин и на Олимпијадата во Атина во 2004 година.