Во последните повеќе од десет години, населението во Грција се намалило за 382.716 жители или за 3,5 отсто, објавија во вторник локалните медиуми, повикувајќи се на Државната агенција за статистика.
Според последниот попис на населението спроведен оваа година од страна на Грчкиот завод за статистика (ЕЛСТАТ), сегашниот број на жители е 10.432.481, објави грчката државна новинска агенција АМНА.
Тоа укажува на намалување на бројот на жители од 3,5 % во однос на последниот попис во 2011 година, кога имало 10.815.197 жители.
Жените сочинуваат 51,3 отсто од вкупното население или 5.357.232 жени, додека мажи-5.075.249.
Во извештајот, исто така, се вели дека речиси 3,8 милиони луѓе живеат во децентрализираниот регион Атика, кој ги вклучува главниот град Атина и блискиот пристанишен град Пиреја.