Минатата недела од Ковид починале 60 лица / Photo: AA

Во Грција, со почетокот на студените зимски денови, забележан е пораст на смртните случаи од Ковид-19.

Во соопштението на Националната здравствена установа на Грција (ЕОДИ) се наведува дека минатата недела од последици на Ковид-19 починале 60 лица.

Како што се наведува, забележан е пораст на приемите во болниците за околу 45 отсто.

Во соопштението се наведува дека во земјата зголемен е бројот на случаи поврзани со варијантата ЈН.1 на Ковид-19.

Се додава дека споменатата варијанта на вирусот е откриена кај 101 лице.

AA
Популарни