Во невремето што ја зафати Албанија исчезнаа две лица / Photo: AA

Албанија вчера ја зафати невреме, проследено со силен дожд, што предизвика поплави и проблеми со снабдувањето со електрична енергија во некои делови од земјата.

Обилните врнежи зафатија повеќе реони во земјата, додека најкритична е состојбата во Скадарскиот крај каде во поплавите исчезнаа две лица. Поплавени се повеќе населени места, земјоделски површини и патишта.

Локалната полиција соопшти дека меѓу исчезнатите се татко и син чиј автомобил го однел порој.

Припадниците на Вооружените сили на Албанија и други институции се ангажирани во заштитата од поплавите за да му помогнат на погоденото население.

Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, го посети Скадар во врска со ситуацијата создадена од обилните врнежи. Како што рече тој, Вооружените сили се на терен за да им помогнат на граѓаните што полесно да ја надминат состојбата во која се наоѓаат и да се избегнат поголеми штети.

AA
Популарни