Ветровите достигнале ураганска сила во областа на пожарот, а пламенот надминал 25 метри во висина / Photo: Reuters

Мирисот на чад и саѓи ја покри Атина, а небото се затемни кога во неделата избувна шумски пожар североисточно од грчката престолнина.

Повеќе од 250 пожарникари, 67 противпожарни возила, 12 авиони и шест хеликоптери го гаснат пожарот што избувна околу 15 часот по локално време, на околу 35 километри од Атина.

„Пламенот брзо се движи кон езерото Маратон, важен резервоар што ја снабдува Атина со вода“, рече полковникот на противпожарната бригада Василиос Ватракогијанис, портпарол на противпожарната служба.

Тој додаде дека непознат број на куќи биле оштетени.

Ватракогијанис рече дека ветровите достигнале ураганска сила во областа на пожарот, а пламенот надминал 25 метри во висина. Жителите на селата во близина на пожарот беа предупредени со итна СМС пораки да се евакуираат.

„Уште еден пожар што избувна западно од Атина е ставен под контрола“, рече портпаролот.


AA
Популарни