Во Скопје и во Тирана започна гласањето за изборите во Туркије / Photo: AA

Во Северна Македонија и во Албанија започна процесот на предвремено гласање за претседател и 28. состав на турскиот Парламент за турските државјани што престојуваат или работат во овие земји. Претседателските и парламентарните избори во Туркије ќе се одржат на 14 мај.

Денес со почеток во 9 часот по локално време во Скопје започна гласањето за претседател на Туркије и за 28. состав на турскиот Парламент. Лицата што сакаа да гласаат во раните утрински часови формираа редици пред турската Амбасада во Скопје.

Јахја Куртулуш, жител на турскиот град Бурса, за Агенција Анадолу (AA) рече дека е возбуден што првпат гласа во странство и додаде: „Посакувам изборите да поминат добро и успешно за нашата земја. Се надевам дека ќе бидат успешни. Посакувам изборите што ќе се одржат на 14 мај во Туркије да бидат за доброто на сите наши граѓани.“

Фирдевс Решит рече: „Посакувам нашиот глас и избор да бидат од корист за целиот наш народ и за нашата земја.“

И гласањето во турската Амбасада во Тирана започна во 09:00 часот по локално време.

Според податоците на Врховниот избирачки одбор, во Северна Македонија право на глас имаат 4.107 гласачи, а во Албанија 1.416.

AA
Популарни