Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама на свечена церемонија ја отворија џамијата Намазѓа во Тирана, најголемата џамија на Балканот и изградена со поддршка на Туркије.
Изразувајќи ја својата среќа што е во Албанија на оваа важна церемонија на отворање, Ердоган ѝ се заблагодари на Албанија што ги пречекале со внимание и љубов.
Ердоган изрази благодарност до сите кои придонеле, особено до албанскиот премиер Еди Рама, за дадената поддршката во изградбата на џамијата Намазѓа, која е изградена и со поддршка на Претседателството за верски прашања на Туркије и Фондацијата Дијанет.
Посочувајќи дека оваа најголема џамија на балканската географија ќе го заземе своето место и во сеќавањата како најнов симбол на заедничката историја и братство кое опфаќа повеќе од 6 века, Ердоган рече дека џамијата Намазѓа во Тирана е класична отоманска џамија која е доминантна на Балканот, со својот дизајн како архитектонски објект кој ги обединува традицијата и иднината и е изградена со денешната градежна технологија.
Наведувајќи дека во џамијата, која е изградена на приближно 10 декари земја, со отворени површини, можат истовремено да се молат 8.000 лица, Ердоган рече дека покрај просторот за богослужба, џамијата поседува конференциска сала, училници за курс по Куран, изложбен салон, библиотека, лифт за инвалиди и стари лица, простории за учење и центар за култура и претставува социјален комплекс.
Ќе продолжиме да стоиме на страната на Албанија
Честитајќи им на сите кои придонесоа за ова величествено дело кое ги фасцинира оние што ќе го видат, давајќи им внатрешен мир и интегрирајќи го духовниот со надворешниот свет, Ердоган рече:
„Посебно сакам да истакнам дека наш приоритет е дополнително да ги продлабочиме нашите културни и општествени односи со Албанија. Солидарноста што ја покажаа турскиот и албанскиот народ за време на земјотресите во нашите земји, беше пример за меѓународната заедница. Болницата за пријателство Туркије-Албанија што ја изградивме во провинцијата Фиер и домовите за земјотреси што ги изградивме во Лач се најконкретните дела на оваа солидарност. Ќе продолжиме да стоиме покрај Албанија со нашата држава, институции и невладини организации“.
Обврска на совеста е да се застане против државниот тероризам
Потсетувајќи дека измина пред една година од почетокот на геноцидот што Израел го врши во Газа и на окупираните палестински територии, Ердоган истакна дека досега се убиени 50.000 невини Палестинци, а над 100.000 се повредени.
Ердоган истакна дека се бомбардирани џамии, цркви, болници, училишта, универзитети и пазари, а израелската администрација продолжува со нападите врз децата, жените, младите и постарите лица во Палестина.
Посочувајќи дека израелската администрација ја спроведе својата политика на масакр и во Либан, Ердоган рече:
„Обврска на совеста за сите нас е да застанеме против државниот тероризам што го спроведува Израел. Со нападот врз Либан, администрацијата на Нетанјаху повторно покажа дека нема намера да воспостави мир во регионот. Уште еднаш го повикувам целиот совесен свет, особено муслиманите, да заземат заеднички став против израелската агресија“.
Претседателот Ердоган се помоли молитвите и богослужбите што ќе се вршат во Намазѓа џамијата да бидат прифатени од Бога.