Во училиштето „Маариф“ настан по повод Денот на наставата на турски јазик / Photo: AA

Во училиштето на турската фондација „Маариф“ (ТМВ) во Тетово се одржа настан по повод 21 декември, Денот на наставата на турски јазик во Северна Македонија.

На настанот присуствуваа претседателот на Големото народно собрание на Туркије, (ТБММ), Нуман Куртулмуш, членот на Управниот одбор на ТМВ, Махмут Оздил, турските пратеници во Северна Македонија, Салих Мурат и Бејџан Иљас, турскиот амбасадор во Скопје, Фатих Улусој, градоначалникот на Тетово, Билал Касами, претставници на турски и локални институции и организации во земјава, наставници, ученици и многу гости.

Во својот говор членот на Управниот одбор на ТМВ, Оздил, потсети дека ТМВ започна со работа пред приближно осум години и истакна дека имаат цел да го споделат искуството на Туркије во областа на образованието со пријателските и братски земји.

„За среќа, денес имаме повеќе од 50 илјади ученици и студенти во повеќе од 500 образовни институции во 55 земји. Сето ова се случи со голема поддршка на сите власти и амбасади на Република Туркије. Сакам да му се заблагодарам на секој од вас“, рече тој.

По говорот на Оздил на присутните им се обрати претседателот на турскиот Парламент, Куртулмуш.

Во рамките на програмата, учениците од училиштето „Маариф“ во Тетово изведоа фолклорни ора од Туркије и Северна Македонија.

Претседателот на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ), Нуман Куртулмуш, во Северна Македонија пристигна во саботата заедно со делегација што ја сочинуваат заменик-претседателот на групата на АК Партија, Бахадир Јенишехирлиоглу, претседателот на Интерпарламентарната група за пријателство Туркије-Северна Македонија и пратеник од Бурса, Ахмет Килич, пратеникот на АК Партија од Ван, Кајхан Туркменоглу, пратеникот на АК Партија од Чорум, Јусуф Ахлатџи, заменик-претседателот на Интерпарламентарната група за пријателство Туркије-Северна Македонија и пратеник на ЏХП од Киркларели, Веџди Гундогду, пратеникот на МХП од Бурса, Февзи Зирхлиоглу, и пратеникот на партијата Саадет од Измир, Мустафа Билиџи.

AA
Популарни