Копаоник е еден од најпознатите ски - центри на балканот / Photo: Reuters

Љубителите на зимските спортови и особено на скијањето веќе се на некоја од ски - патеките во скијачките центри во регионот или ги прават плановите за тоа кој скијачки центар да го посетат. Изборот на Балканот е голем. Можат да се најдат врвни ски патеки за искусни и почетници и добри сместувачки капацитети.

ТРТ Балкан во продолжение ви презентира факти за најпознатите скијачки центри во регионот.

Попова Шапка и Маврово во Северна Македонија

Должинага на скијачките патеки на Попова Шапка е околу 10 километри Reuters

Попова Шапка на Шар Планина е една од главните зимски дестинации во Северна Македонија. Ски патеките започнуваат на висина од околу 1.700 метри и се поврзани со жичарници и ски лифтови.

На приближно иста висина се и два хотели. Должината на скијачките патеки е околу 10 километри, но почетници можат да скијаат и на дел од необележаниот терен. Сезоната во овој центар најчесто трае од декември до крајот на март. Попова Шапка се наоѓа на шеесетина километри или еден час возење од Скопје.

Редовните цени за сезонските карти се движат од 10 000 денари (162 евра) за деца, преку 12 500 (203 евра) за возрасни од 15 до 24 години и 15 00 денари (252 евра за возрасни од 25 до 62 години и 12 000 денари или 195 евра за над 63 години.

Цената за сезонава за дневен ски билет се уште не е истакната. Минатата година изнесуваше 11,5 евра за дневно и околу осум евра за ноќно скијање.

И ски центарот Маврово на планината Бистра на нешто повеќе од 100 километри од Скопје нуди ски патеки за алпско и нордиско скијање во должина од 30 километри. Цените на интернет страницата не се ажурирани за оваа сезона. Според оние кои важеа минатата сезона

Од 15 до 23 евра се потребни за дневна ски карта во Маврово во зависност од возраста. За сезонска карта се потребни 11 000 денари или 61,5 евра за деца до 13 години, 14 000 денари или 227 евра од 14 до 23 години и 18 000 денари односно 292 евра за од 24 години. Ноќното скијање пак чини од девет до 12 евра.

БиХ со развиена инфраструктура уште од Олимпијадата во Сараево

За ски центрите и инфраструктурата во БиХ голема заслуга има зимската олимпијада во Сараево во 1984 AA Archive

Босна и Херцеговина има развиени ски центри и добра инфраструктурна поврзаност. Голема заслуга за тоа имаат Зимските олимписки игри во 1984 година што се одржаа во Сараево и натпреварувањата во алпско, нордиско скијање и скијачки скокови.

Скијачкиот центар Јахорина се наоѓа на 34 километри од Сараево или на околу 45 минути возење од главниот град на БиХ.

Скијачките патеки се на висина од 1.300 до 1.890 метри. За алпско скијање се долги 47 километри, а оние за нордиско трчање десет километри. Цената на дневната карта изнесува 31 евро за деца, 37 за возрасни и 34 за сениори. Цените на сезонските билети за дневно скијање за овие категории се 240,5 458 и 419,5 евра.

Бјелашница е уште поблиску до Сараево, на само 25 километри. Врвот е на 2.067 метри надморска височина. Бјелашница има скијачки патеки од над осум километри за сите алпски дисциплини. Почнуваат од врвот па се до местото Бабин Дол на 1.266 метри. Патеката за ноќно скијање е долга 750 метри. Дневната карта изнесува од 25 до 30 конвертибилни марки (12,5 до 15 евра) за деца и 35 конвертибилни мрки (17,5 евра) за возрасни додека сезонските изнесуваат од 400 до 500 конвертибилни марки (200 - 250 евра) за деца и 800 конвертибилни марки (400 евра) за возрасни.

Копаоник и Златибор се избор во Србија

На Копаоник и Златибор се наоѓаат најпознатите скијачки центри во Србија. Копаоник се наоѓа на околу 280 километри оддалеченост од Белград. Има скијачки патеки во должина од 43,5 километри приспособени за алпско и нордиско скијање и два полигони за обука на почетници.

Ноќното скијање е достапно на патеките Панчичев врв, Караман Гребен и Мало езеро. Ски лифтовите се со капацитет од 34.000 скијачи на час. Целодневната карта се движи од 2 600 до 4 300 динари (22 до 43 евра) во зависност од периодот на годината и возраста. Сезонските билети пак се од 38 500 до 81 200 динари (328 до 698) евра.

Златибор се наоѓа на 238 километри оддалеченост од Белград. Скијачките патеки се од 1.110 до 1.490 метри надморска височина. На Златибор има патеки за алпско и нордиско скијање со вкупна должина од осум километри. Има богата понуда на сместувачки капацитети. Дневниот билет за скијање за која цената се движи од 1 700 до 2 500 динари (14,5 до 21 евро). Сезонскиот билет се движи од 23 700 до 51 700 динари (од 202 до 440 евра)

Црна Гора има големи планови за Колашин

Колашин е најпознат ски - центар во Црна Гора Reuters Archive

Колашин, планиснски град во Црна Гора на околу 85 километри оддалеченост од Подгорица, е местото каде се собираат скијачите од Црна Гора. „Колашин 1600“ е најпознатиот скијачки центар кој има патеки долги 10,5 километри. Целодневната ски карта за почетници е пет евра за деца и седум евра за возрасни, редовната 13 односно за возрасни 20 евра. Сезонската ски карта е 190 евра за деца и 220 евра за возрасни.

Се планира тука да се направи комплекс во кој ќе има над 200 патеки за скијање долги вкупно 45 километри, околу 50 жичарници и дваесетина сместувачки капацитети.

Косово ја има Брезовица, а Албанија Дарда

На Брезовица во минатото се одржуваа и скијачки натпревари Reuters Archive

Ски центарот Дарда во реонот на Корча е најпознатото место меѓу љубителите на скијањето во Албанија уште од 1920 година. Се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри, меѓу високи шуми од бука и бор. Патеката за скијање е долга 1,3 километри, а постојат и два ски лифта. Освен за скијање Дарда е популарно место и за планинарење и кампирање.

Косово може да се пофали со ски центарот Брезовица основан во 1954 година. Во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век на Брезовица се одржаа многу скијачки натпревари, а во 1984 година служеше како алтернативен центар за олимписките игри во Сараево. Патеките за скијање и сноуборд на Брезовица се долги 16,5 километри.

TRT Balkan
Популарни