Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград се сретна со амбасадорите на земјите од Квинтата - Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија.
Вучиќ по средбата објави дека во еден од најтешките моменти за Србија имал важен разговор со претставниците на Квинтата.
„Ги повторив ставите на Србија за последните случувања на Косово и Метохија и побарав КФОР да ја преземе грижата за сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти“, наведе Вучиќ.
Додаде дека го поставил и прашањето „зошто ЕУЛЕКС беше одбиен од страна на косовската полиција да присуствува во самата операција којашто е спроведена на територијата на северот на Косово“.