Започна Балканскиот фестивал на народни игри и ора во Едрене  / Фото: AA

Фестивалот на балкански народни игри и ора во организација на Универзитетот „Тракја“ започна денес со ревии одржани во различни кампуси, известува Анадолу.

Во соопштението што го објави Универзитетот „Тракја“ се наведува дека на фестивалот учествуваат 24 екипи од Туркије, Северна Македонија, Бугарија, Романија, Молдавија, Србија, Косово и Грција.

Официјалното отворање на фестивалот ќе се одржи утре во Балканскиот конгресен центар.

На 6 февруари се навршуваат две години од земјотресите во подрачјето на турската област Кахраманмараш и затоа утре ќе се одржат само воведни говори, а на учесниците ќе им бидат доделени благодарници.

Во петок, 7 февруари, фестивалот ќе има обемна програма на изведби што ќе се одржат на подрачјето на областа Едрене и неговата околина. Во различни кампуси на универзитетот екипите што учествуваат на фестивалот ќе изведат концерти со кои ќе ги рефлектираат своите култури.

Во сабота, 8 февруари, ќе се одржи дефиле што ќе започне од плоштадот Селимије и ќе продолжи до улицата Сарачлар.

Фестивалот ќе заврши со гала-вечер во сабота во 19:00 часот по локално време, по што ќе се одржат концерти на различни локации во градот и во кампусот Караагач.

AA
Популарни