На шестдневниот мега настан посветен на технологијата - Текнофест, кој трае до 4 септември во црноморската област Самсун, еден човек ги освои насловите - и имагинацијата на една нација.
Во вторникот, водечкиот турски производител на беспилотни летала „Baykar Technologies“ (Бајкар Технолоџис) го претстави своето најново беспилотно летало (UAV), „Бајракрар Кизилема“. А човекот што го создаде леталото - претседателот на Бајкар Селчук Бајрактар - е најблиску до кој било технолошки магнат да добие третман со рок ѕвезда.
„Кизилелма е првиот беспилотен борбен авион [на Турција]. Го чекавме 20 години“, изјави Бајрактар за TRT World, зборувајќи за промовирањето на најсовремениот дрон, како и што значи тоа за турската одбранбена индустрија.
Поседувајќи агресивна способност за маневрирање, може да работи во воздух пет часа со максимална брзина од 900 км/ч, дронот се очекува да биде со 1.500 килограми носивост, со опсег на лет од 930 километри и оперативна височина од 35.000 стапки.
Компанијата очекува леталото својот првиот лет да го реализира во 2023 година.
„Тоа беше нашиот сон од првиот ден“, рече тој, откривајќи ја симболиката зад името на дронот (Кизилелма значи „црвено јаболко“), што претставува тешко остварлива цел што се оддалечува токму кога треба да се постигне.
„Тоа беше нашата Кизилема“, мислејќи на ригорозното, но сепак задоволувачко патување долго две децении, патување кое ја гледа Туркије меѓу само трите земји во светот кои сега се способни да развијат таква напредна воздушна технологија.
Познат по тоа што е компанија која ги развива првите автохтони беспилотни летала во Туркије, Бајкар го лансираше својот инаугуративен дрон тежок 10 килограми во 2006 година, кој леташе само околу три метри.
Брзиот напредок ќе следи од 2014 година, кога беше развиен авион со двомоторни пропелери доволно голем за да носи проектили способни прецизно да погодат цел на оддалеченост до 8 километри и да летаат речиси 24 часа без полнење гориво - ТБ2.
На Текнофест во 2019 година, Бајкар го претстави Бајрактар Акинџи, со способност да спроведува операции што се изведуваат заедно со борбени авиони.
Денес, Бајрактар е синоним за турската воена моќ низ целиот свет, при што извозот сочинува над 80 отсто од неговиот приход.
Го привлече глобалното внимание со својот успех во конфликтот во Нагорно-Карабах и во другите делови на светот, неодамна во Украина, каде беспилотните летала Бајрактар TБ2 станаа симбол на отпорот против руската воена моќ за време на почетната фаза од војната.
На прашањето за конкурентното поле на војување со UAV и конкуретноста на неговата компанија, тој тврди дека нивната предност „доаѓа од фактот што ние секогаш сме интегрирани во полето“.
„Ние ги надградуваме нашите системи врз основа на новите потреби и континуирано иновираме. Така остануваме на врвот на трката“, рече тој.
Под негов надзор, турските вооружени сили станаа меѓу светските лидери во усвојувањето на беспилотни летала во борбените операции.
Бајрактар ги отфрла споредбите со Илон Маск, но претпочита да ги следи стапките на легендарните муслимански научници како Азиз Санчар, Исмаил ал Џазари и Ал Фаргани. На настанот посветен на технологијата, тој комуницира со мноштво свои фанови, било тие да се на возраст од 70 или 7 години, запознавајќи ги со својата работа.
Тој користи секоја пригода на јавноста да и говори за начинот на размислување за инофмациите и идеите како да се решат идните предизвици.
Кога зборува за Текнофест, Бајрактар го опишува како „револуција“, истакнувајќи дека показател за тоа е фактот што Туркије се трансформира „од култура која троши технологија, во нациоја која развива технологија“.
„Ги гледаме ефектите од тоа“, рече Бајрактар, укажувајќи на бројните технолошки натпреварувања кои се во центарот на мега настанот.
Оваа година натпреварувата се одвиваат во повеќе од 40 различни категории како што се дронови, сателити, ракети, роботика и вештачката интелегенција.
„Има многу повеќе самодоверба кај младите, кај стартапите и кај технолошките компании благодарение на нашиот успех [на Бајкар] во одбранбената индустрија“, смета Бајрактар.
Покрај извонредниот успех на неговата компанија, Бајрактар тврди дека е потребно да се работи уште за да Туркије стане технолошки и глобален центар за иновации
„Моментално потполно сме фокусирани на пренесување на тој успех во сите цивилни сектори на технологијата и гледаме дека доаѓа до таа промена“, рече тој.
„Но секако, мораме да направиме повеќе за да Туркије ги оствари своите цели и стане напредна нација која развива технологија.“
За многумина свои сонародници, тој е симбол на она кон што новата Туркије се стреми да биде: самоуверен и напреден, додека служи за поголемо добро на земјата.