За време на двонеделната мисија АХ3, Гезеравџи ќе учествува во 13 различни научни експерименти на Меѓународната вселенска станица / Photo: AA

Првиот патник во вселената од Република Туркије треба да замине кон орбитата во јануари.

Почнувајќи од 9 јануари полковникот Алпер Гезеравџи ќе биде дел од вселенската мисија со шпански, италијански и шведски астронаути, објави турскиот министер за индустрија и технологија, Мехмет Фатих Каџир, преку платформата X.

За време на двонеделната мисија АХ3, Гезеравџи ќе учествува во 13 различни научни експерименти на Меѓународната вселенска станица.

Туркије го избра Гезеравџи, пилот на борбените авиони Ф-16 на Турските воздухопловни сили, како прв потенцијален патник во вселената од Туркије претходно оваа година за време на големиот технолошки настан ТЕХНОФЕСТ.

Земјата ја основа Турската вселенска агенција во 2018 година, а својата вселенска програма ја објави во 2019 година, како и намерата да прати мисија со екипаж во вселената.

AA
Популарни