Во просек цената на поправка на телефон достигна до 150 евра, а профитните маржи на сервисерите се зголемени до 60 отсто / Фото: TRT Balkan

Замислете дека вашиот смартфон може лесно и брзо сами да го поправите без да плаќате скапи сервиси. Оваа идеја и не е така далечна, ниту незамислива.

Пред околу 10 години постоеше голема возбуда за лансирање на првиот модуларен телефон чии делови може веднаш да се заменат без оглед дали се работи за поправка или пак за надградба на компонентите од следната генерација.

Во просек цената на поправка на телефон достигна до 150 евра, а профитните маржи на сервисерите се зголемени до 60 отсто.

Сегашните модели имаат запечатена рамка, на која се налепени сите компоненти, и затоа сите поправки мора да се прават на сервис.

Зошто идејата за модуларни телефони пропадна и дали со новата европска регулатива овој концепт може да оживее.

Како пропаднаа „лего“ телефоните

Пред една декада постоеше голема трка за првиот модуларен смартфон кој ќе се склопува како лего. Целта беше корисникот евтино да го поправи телефонот, но и да го надгради кога ќе излезе подобра камера, процесор или графика.

Сепак, Гугл го откажа проектот Ара иако вложи милијарди за патентите на Моторола. Со тоа сопре и развојот под изговор дека е прескапо да се изведе, а телефоните се гломазни и неефикасни.

Но, Европската Унија не се откажува лесно од модуларните телефони. Од 2027 година телефоните задолжително ќе имаат батерија која корисникот ќе може сам да ја замени.

Годишно над 5 милијарди телефони завршуваат на отпад, но се рециклираат само 17 отсто.

Подигнувањето на свеста за прекумерниот консумеризам и новите регулативи може да ја поправат оваа слика, но и да ги поттикнат модуларните иновации.

TRT Balkan
Популарни