Орбитата на ИМЕЏЕ ќе биде синхрона на височина од 680 километри и ќе служи во областа на одбраната, управувањето со катастрофи, животната средина и урбанизацијата и земјоделството и шумарството. / Photo: Reuters 

Инженерите на првиот турски сателит за набљудување на Земјата го објаснија процесот на негова изработка. Пионерскиот сателит ИМЕЏЕ од турско производство беше лансиран минатиот викенд од вселенската база Ванденберг во американската сојузна држава Калифорнија. Тоа е првпат Туркије да има електрооптичка сателитска камера со субметарска резолуција во орбитата.

Орбитата на ИМЕЏЕ ќе биде синхрона на височина од 680 километри и ќе служи во областа на одбраната, управувањето со катастрофи, животната средина и урбанизацијата и земјоделството и шумарството.

Менаџерот на проектот, Емир Сердар Арас, рече дека подготовките за лансирањето се одвивале од 22 февруари, ден кога сателитот беше однесен во вселенската база Ванденберг.

Тимовите започнаа кампања за лансирање 35 дена по пристигнувањето на сателитот во базата, рече Арас. „Тука ги направивме последните проверки и тестирања на сателитот. Поминавме низ многу напорен период. Последните минути од шестгодишниот труд. Овде ги завршивме и сите наши тестови работејќи во три смени, седум дена во неделата, 24 часа на ден и го подготвивме нашиот сателит ИМЕЏЕ за лансирање.“

Истакнувајќи дека ИМЕЏЕ е сателит за набљудување на Земјата со субметарска резолуција, Арас рече дека тој се состои од хардвер, електроника и механика.

„Две најголеми причини зошто денес зборуваме за ИМЕЏЕ се сателитите Расат и Ѓоктурк 2. Знаењето што го стекнавме од областа на вселенските технологии го применивме на сателитот ИМЕЏЕ“, рече Арас.

Лидерот на Бизнис-пакетот за лансирање, Мерич Учан, рече дека тоа е негова прва операција за лансирање и дека е многу возбуден.

Учан нагласи дека е потешко да се објасни што чувствувал чекајќи го првиот сигнал отколку самото лансирање.

Лидерот на Бизнис-пакетот на енергетскиот потсистем, Мехмет Карахан, истакна дека процесот по одвојувањето на сателитот од ракетата е поважен од лансирањето. „Ја оставивме ракетата. Ги отворивме соларните панели во шестата минута. Бевме многу среќни кога го видовме производството на енергија.“

„Првиот сигнал беше примен од ИМЕЏЕ“, објави турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк.

Сателитот се смести во својата орбита и првата слика со висока резолуција ќе биде примена за две недели, напиша Варанк на Твитер.

TRT Balkan / агенции
Популарни