Капсулата Драгон на Спејс Екс , која превезуваше италијански, шпански, шведски и турски вселенски патници, успешно се спушти крај Флорида во 8.30 часот по источно време.
Капсулата се откачи од Меѓународната вселенска станица во средата и почна да се враќа на Земјата.
Процесот на враќање траеше околу 47 часа. Вселенската мисија Аксиом-3 беше лансирана од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида на 19 јануари со ракета Фалкон 9 на Спејс Екс. Нејзиниот екипаж се закотви на Меѓународната вселенска станица следниот ден на 20 јануари.
За време на нивниот наддвенеделен престој на станицата, пилотот на турските воздухопловни сили, полковник Алпер Гезеравџи и неговите тројца колеги од екипажот од Шпанија, Италија и Шведска извршија над 30 научни експерименти, од кои околу половина од самиот Гезеравци.
Закажаното враќање на екипажот беше одложувано неколку пати поради лошото време.