Враќањето на тимот на Ax-3 на Земјата првично беше планирано за 3 февруари / Photo: AA

Враќањето на Земјата на вселенското летало Драгон и тимот на мисијата Аксиом 3 (Ax-3), во која е и првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, е одложено за 6 февруари поради сè уште неадекватни временски услови.

Спејс икс објави дека заминувањето на тимот Ax-3 од Меѓународната вселенска станица повторно е одложено.

Во соопштението се наведува дека екипажот на Ax-3 и Драгон нема да може да се врати пред 6 февруари поради временските услови на брегот на Флорида.

Враќањето на тимот на Ax-3 на Земјата првично беше планирано за 3 февруари, но потоа беше одложено за 5 февруари поради неповолните временски услови на брегот на Флорида.

Мисијата Ax-3 беше лансирана на 18 јануари од Вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида, со ракетата Фалкон 9 на приватната вселенска компанија Спејс икс и пристигна на Меѓународната вселенска станица на 19 јануари.

Екипажот беше одговорен за спроведување на над 30 научни експерименти.

AA
Популарни