Дел од услужните и канцелариските стручни занимања се очекува да исчезнат во следните десетина година благодарение на подемот на автоматизацијата и вештачката интелигенција.
Според проценките на Бирото за статистика на пазарот на труд на САД (БЛС) најмногу на удар ќе бидат касиерите. Веќе во големите ланци на супер маркети нема касиери и продавачки, туку купувачите сами ги скенираат бар кодовите на производите за да се утврди цената и плаќаат електронски, по што го напуштаат маркетот.
Овие трендови на автоматизација и замена на човечките продавачи ќе се засилува и понатаму. Според БЛС до 2031 година без работа ќе останат дури 335.700 касиери.
Исто така компаниите се помалку ќе имаат потреба од персонал кој служи како претставник за односите со потрошувачите и купувачите. Дури 105.300 вработени во оваа струка ќе останат без работа до 2031, односно на нивно место ќе биде ангажиран некаков вид на технолошка замена.
Дури 207.600 канцелариски секретари и административни помошници и 102.600 извршни секретари помалку ќе бидат потребни во следните десетина година. Канцелариските службеници исто така ќе бидат на удар на автоматизацијата и ВИ алатките, па за оваа струка ќе бидат скратени дури 130.800 работни позиции.
Како да се ублажи ударот на автоматизацијата?
Според експертите за развој на пазарот на труд клучно ќе биде да се преземат навремени мерки за подготовка на идната работна сила, уште во раните фази на образование да биде подготвена за новата реалност.
Анкетите за избор на идна професија на матурантите, кои се спроведуваат речиси насекаде на светот, покажуваат дека средношколците и натаму одбираат професии кои котираат високо на листите за замена од процесот на автоматизација.
Тоа значи дека ако останат доследни на своите изразени желби во анкетата, најверојатно ќе се запишат на факултети или образовни степени кои одговараат на нивната идеална професија, но истовремено ќе се соочат и со проблеми на пазарот на труд во наредната дека кога тие работни места се повеќе ќе се укинуваат или заменуваат од роботите.