Холандија, Данска, Шведска и Финска гледаат по  позитивно на роботите отколку Грција и Шпанија     Фото: TRT World

Паралелно со движењето кон когнитивна револуција со машински погон во иднина се повеќе ќе се среќаваме со наслови како „Роботите ви ја земаат работата”.

Според извештајот на Светскиот економски форум, 85 милиони работни места на глобално ниво ќе бидат заменети поради процесот на роботика и автоматизација.

За некого автоматизацијата значи крај на макотрпните обврски. За други пак брзата автоматизација значи неизвесна иднина без работа. Но напредните технологии ќе создадат 97 милиони нови работни места кои бараат повеќе вештини и обука.

Нова студија спроведена од истражувачи од Универзитетот во Централна Флорида покажа дека работниците во земјите со поголеми приходи и помала општествена нееднаквост имаат поголема можност за перцепција на роботите и вештачката интелигенција.

Студијата откри дека во држави како Холандија, Данска, Шведска и Финска е поголема веројатноста на роботите да се гледа по позитивно отколку во земји како Грција и Шпанија кои имаат поголема нееднаквост во приходите.

Користени се податоци од над 13 000 испитаници во 28 земји-членки на ЕУ во рамки на истражувањето на јавното мислење на Евробарометар од 2017 година кое истражува дали постои поврзаност меѓу нееднаквоста во земјата и работниците кои вештачката интелигенција и роботите ги гледаат како закана.

Студијата преку економската мерка „Џини индекс” откри позитивна поврзаност меѓу нееднаквоста на приходите и перцепциите дека вештачката интелигенција и роботите претставуваат закана за општото добро и работните места.

Истражувачите нагласуваат дека и покрај објективните потенцијални влијанија на вештачката интелигенција примарниот фокус е ставот на луѓето дека се способни за новите технологии.

„Пет, десет или повеќе години кои им се потребни на роботите да ги достигнат неопходните квалитети се времето во кое луѓето можат да научат понапредни вештини различни од она што машините можат да го направат. Со тие вештини би можеле да заработат повеќе пари на интересни работни места. Наместо работниците да ги губат своите работни места поради машините, може машините да ги пополнуваат професиите со кои луѓето веќе не сакаат да се занимаваат”, вели новинарот Сеан Каптин.

Коавторката на студијата Минди Шос професорка по психологија на американски универзитет вели дека наодите користат и за разбирање на слични ситуации во Соединетите Американски Држави.

„САД секогаш се рангирани прилично високо во однос на општествената нееднаквост. Со оглед на тоа би се сомневал дека веројатно има во просек слични ставови за вештачката интелигенција и роботите и во САД”, вели Шос.

Според неа во многу општества постои нееднаквост во приходите, здравството, образованието што доведува до вознемиреност и несигурност.

„Земјите со поголема нееднаквост се со поголема тенденција вавите технололгии да ги гледаат како закана”, смета Шос.

Таа смета дека прашањето за нееднаквоста требаа да се земе сериозно предвид при дизајнирање и имплементирање нови технологии. И да се детектираат начините на кои новата технологија може да ги подобри перформансите на работните места за да биде подобро прифатена.

TRT World
Популарни