Мисијата Артемида на НАСА е прва по речиси половина век која, според плановите, ќе ги врати луѓето на Месечината. Првата фаза од мисијата започна со лансирањето на ракетата „Вселенски систем за лансирање“ (SLS) досега најмоќна и најголема во историјата со модулот „Орион“, започнувајќи ја тринеделната рута до Месечината и круг околу неа, поминувајќи над 2 милиони километри додека да се врати на Земјата.
Откако мисијата Аполо беше завршена, човечките амбиции за постојан престој на земјиниот природен сателит спласнаа. Сепак, со обновениот интерес за меѓупланетарно освојување, НАСА реши да ја искористи Месечината како „тренинг“ за подолгорчни мисии во длабоката вселена.
НАСА смета дека може да биде дел од трката за Марс и да им парира на приватните вселенски компании, меѓу кои и Спејс Екс на Илон Маск кој има амбиција за испраќање на првите луѓе на црвената планета.
Кои се главните цели на мисијата?
Но, одејќи чекор по чекор, Артемида најпрво ќе слета на Месечината со леталото Орион. Амбицијата е месечеви чекори, како што велат од НАСА „да направат првата жена и обоено лице“.
Артемида, како грчката митолошка божица на ловот, треба да го предводи патот кон нови откритија. Најпрво мисијата ќе ја истражува површината на Месечината за дополнителни информации за начинот на кој се формирал Сончевиот систем. Предноста е што површината не се менува поради недостиг на атмосферски влијанија, па така може да се откријат многу детали за минатото.
Следен чекор ќе биде изградба на вселенска станица која ќе орбитира околу Месечината. Овој лунарен лансирен модул нема да има постојан човечки екипаж, туку по потреба кога ќе се вршат експерименти, или пак ќе следат нови лансирање на мисии со вселенски летови.
Што стои зад технологијата?
Проектот Артемида се смета за досега еден од најскапите вселенски истражувања, најмногу поради системот на ракети за лансирање кој троши огромна количина на гориво со водород и кислород и потребни му се помалку од 4 минути за полетување и лансирање на леталото во орбитата.
Потоа ракетните бустери „близначки“, кои заедно со леталото вкупно тежат 2.600 тони, се одвојуваат од Артемида враќајќи се кон Атлантскиот океан во близина на Бахамите.
Ракетите ќе бидат наменети за една употреба, бидејќи ако се правеле по принципот за реупотреба би тежеле околу еден тон повеќе. „Вселенски систем за лансирање“ потоа повеќе не го носи горивото и системот за пропулзија. Едно лансирање на Артемида се проценува дека чини околу 4 милијарди американски долари, а вкупно за целата програма ќе бидат потрошени 93 милијарди долари.
Вселенскиот модул Орион има простор за екипаж од тројца астронаути и со штитовите може да издржи температура од над 2.700 Целзиусови степени што е особено важно за повторното влегување во земјината орбита враќајќи ги назад астронаутите.
Доколку сите пресметки се покажат точни со Артемида следниот лет кој ќе опфати и човечки екипаж ќе трае неколку дена за да стигне до Месечината и по 50 години повторно таму ќе стапне човечка нога.