Во денешната дигитална ера новинарите имаат плејада апликации и алатки за да подобрување на продуктивноста, истражувањата и можностите за раскажување приказни.
Со овие апликации новинарите може да дојдат до информации, да ги организираат, да спроведат интервјуа, и полесно да ги следат изворите и референците. Понатаму, со помош на овие алатки може да се одржат високи стандарди во пишувањето со проверка на граматички и печатни грешки.
Визуелната содржина, исто така, игра значајна улога во раскажувањето приказни, а некои апликации им овозможуваат на новинарите да создаваат привлечни инфографици и објави на социјалните мрежи без да поседуваат напредни дизајнерски вештини.
Затоа ќе ви ги претставиме суштинските апликации кои треба да ги знаат новинарите и да ги земат в предвид при нивната работа.
Grammarly: Популарен асистент за пишување кој ја проверува граматиката, правописот, интерпункцијата и стилските грешки. Од правопис до интерпункциски знаци, Grammarly вашата статија ја прави точна и лесна за читање. Тоа помага да се подобри јасноста и точноста на вашето пишување, без разлика дали работите на статии, мејлови или објави на социјалните мрежи. За жал, апликацијата има недостаток, односно Grammarly проверува само статии напишани на англиски јазик.
Evernote: Разноврсна апликација за креирање белешки која ви овозможува да ги снимате и организирате вашите идеи, интервјуа, истражувања, фотографии и други важни информации низ сите уреди кои ги користите. Поддржува белешки за текст, аудио и слики и нуди моќни функции за пребарување и означување. Исто така, има функција за претворање говор во текст. Можете брзо да диктирате и апликацијата ќе запишува наместо вас. Evernote е одлична апликација за правење белешки за писатели, новинари и блогери. Достапна е на платформите на iOS и Android.
Dragon Dictation: Иновативен софтвер за препознавање говор опремен со вештачка интелигенција, дизајниран да им помогне на писателите да ги доловат нивните мисли и идеи со претворање на изговорените зборови во пишан текст. Апликацијата е драгоцено богатство за професионалци и поединци кои многу се потпираат на пишаниот збор, вклучувајќи писатели, новинари, истражувачи итн. во различни области. Преку обезбедување на премин од говорна во писмена комуникација, им овозможува на корисниците да се фокусираат на нивните идеи, имагинација и креативност без ограничувањата на физичката транскрипција.
Google Docs: Овозможува соработка во реално време и непречено споделување на документи со уредниците и колегите. Се смета за основна алатка за соработка меѓу новинарите. Уредниците и писателите можат буквално да работат и да пишуваат на иста страница, речиси како да споделуваат компјутер. Повеќе луѓе исто така можат да работат на документ одеднаш. Сите промени автоматски се зачувуваат. Можете да ги видите минатите промени на вашиот документ и од кого се направени. Особено од корист е кога се работи на долги текстови или задачи, а роковите се кратки. Можете да се најавите од вашиот профил на Google и бесплатно да пристапите до вашиот документ од кој било уред во секое време и било каде.
Canva: Алатка за графички дизајн лесна за користење која им овозможува на новинарите да создаваат визуелно привлечни графики, инфографици и објави на социјалните медиуми без да поседуваат напредни вештини за дизајн. Нуди приспособливи шаблони и огромна библиотека со слики и икони. Можете да користите едноставни графики или примероци од Canva за споделување приказни на социјалните мрежи. Познавањето и користењето на Canva како мултимедијална вештина може да се смета за дополнителна предност пред вашите работодавци.
Adobe Premiere Pro: Професионален софтвер за монтажа на видео за создавање висококвалитетна видео содржина. Обезбедува напредни функции за уредување, транзиции, ефекти и аудио манипулација, овозможувајќи ви да произведувате привлечни видео приказни. И покрај порастот на мобилното новинарство што овозможува снимање и уредување видео содржини на вашиот паметен телефон, многу луѓе претпочитаат да користат десктоп. За многумина, првиот избор е Adobe Premiere Pro.
Movavi Clips: Ако сте нови во областа на монтажа на видео, но сепак сакате да креирате висококвалитетни видеа и не знаете како да користите Adobe, Movavi е одлична мобилна апликација за почеток. Можете да ја преземете на вашите паметни телефони. Бесплатната верзија на Movavi ви дава пристап до сите основни алатки за уредување видео што ќе ви бидат потребни како почетник.
TweetDeck: Алатка за управување со социјалните медиуми специјално дизајнирана за Твитер. Ви овозможува да следите повеќе профили на Твитер, да закажувате твитови, да креирате сопствени фидови и да следите хаштагови кои се релевантни за вашиот делокруг. Може да креирате листа на профили за објави и пораки поврзани со работите кои вас ве интересираат и може да додавате колони на вашиот TweetDeck и никогаш да не пропуштате ниту еден важен твит.
Feedly: Паметен читач на вести што се синхронизира на сите ваши уреди. Feedly е RSS feed читач кој ви помага да останете ажурирани за најновите вести и случувања во вашата област. Идејата е дека можете да изберете теми кои ве интересираат, а Feedly ќе ја агрегира содржината за вас врз основа на влезните филтри. Користи повеќе извори достапни на интернет, вклучувајќи објави на блогови, истражувачки трудови, па дури и видеа на YouTube. Наместо да посетите 10 страници за да видите што е ново, на една страна ги добивате сите новости. Ви овозможува да агрегирате персонализирани вести од различни извори, заштедувајќи ви време и осигурувајќи дека никогаш нема да пропуштите важна вест.
Hootsuite: Платформа за управување со социјални медиуми која ви овозможува да закажувате, објавувате и надгледувате содржина на социјалните медиуми на повеќе платформи. Нуди аналитика за следење на ангажираноста и ефикасно управување со кампањите на социјалните медиуми. Алатката за управување со вашите социјални профили е бесплатна.
Како заклучок, дигиталната ера донесе бројни апликации и алатки кои го револуционизираа новинарството. Со вклучување на овие апликации во работата, новинарите можат значително да ја подобрат ефикасноста, да ги подобрат своите способности за раскажување приказни и да останат напред во светот на новинарството кој постојано се развива.
Исто така, треба да се каже дека изборот на апликации може да варира врз основа на вашите специфични потреби. Затоа, најпрво може да ги истражите овие алатки и да размислите да ги вклучите во вашата работа за да ја подобрите ефикасноста и да ги подобрите вашите новинарски производи.