Што е проблематично во Европскиот закон за чипови?     Фото: ТРТ Балкан

Европа посакува дигитален суверенитет, односно спроведувањето на дигиталната трансформација да не зависи од надворешни фактори (Кина и САД), но планот наречен Европски закон за чипови, иако е вреден 45 милијарди евра има „багови“.

Според критиките на новиот Европски закон за чипови, ЕУ нема доволно средства да вложи во брза и напредна изградба на модерни производствени капацитети на толку неопходните полупроводници или популарно наречени чипови. ЕУ засега не може да се споредува со Кина, Јужна Кореја и САД, земји во кои веќе има воспоставено производство на „силикон“.

Европските компании и истражувачки центри претежно се занимаваа со дизајнирање на чиповите, па така пазарното учество изнесува под 10%.

Експертот Сајрус Мевавала раководител на тематски истражувања од „Глобал дејта“ смета дека амбициозниот план на ЕУ за пазарно учество од 20% до 2030 година ќе значи дека блокот треба четирикратно да го зголеми производството.

Главните „багови“ на амбициозната регулатива според Даниел Грос од тинк тенкот „ЦЕПС“ лежат во алоцирањето на производствените капацитети. Новиот Комитет од земјите членки ќе треба да носи одлуки каде ќе се градат новите фабрики за чипови, а притоа секоја земја ќе сака производството да го смести на сопствена територија. Втората пречка е што ЕУ нема доволно капитал за долгорочно и ефикасно да субвенционира ваков вид фабрики.

TRT Balkan
Популарни