Тајван ја започна својата прва лунарна мисија, лансирајќи ја првата сонда за вселенски истражувања од домашно производство.
Сондата за мерење на радијацијата во длабоката вселена беше лансирана од американската сојузна држава Флорида преку ракета Фалкон 9 развиена од американската вселенска компанија Спејс Екс, информираше тајванскиот национален централен универзитет.
Лендерот ХАКУТО-Р од јапонско производство кој ја носи тајванската сонда се очекува да слета на Месечината за четири месеци, но сондата ќе започне со мерењата 36 часа по лансирањето.
По околу 90 минути од полетувањето месечевиот лендер се одвои од ракетата-носач со тајванската сондата која ја носи како товар.
AA