Во Скопје, главниот град на Северна Македонија живеат 526.502 жители покажуваат најновите податоци за резултатите од последниот попис. Во македонската престолнина, Државниот завод за статистика утврдил дека постојат 171.171 домаќинство и 213.850 станови. Државниот завод за статистика излезе со информација дека во Северна Македонија има вкупно 1.781 населено место, а 205 населени места се празни односно нема ниту еден жител.
Аеродром најнаселена општина
Општина Аеродром со 75.108 жители е најнаселена општина. Потоа следуваат Куманово со 75.051 жител, Битола со 69.287 жители, Прилеп со 63.308 жители, Тетово со 63.176 жители, Вкупно 84 населени места имаат помалку од 100 жители, додека 218 населени места се со помалку од 10 жители.
Аеродром и Битола со најмногу домаќинства
Слична е сликата и со бројот на домаќинства во општините. Најмногу домаќинства има во Аеродром 27.026, па следуваат Битола со 24.974, Куманово со 23.451, Прилеп со 22.763, Тетово со 17.948, а во 381 населено место има 10 и помалку домаќинства. Аеродром е општина и со најмногу станови-34.415, а во 116 населени места има помалку од 10 станови.
Каде има најмногу младо, а каде старо население
Населени места со најмногу младо население на возраст од 0 до 14 години се Чаир, Аеродром, Куманово и Тетово, а со старо население на возраст од 85 и повеќе години се Карпош, Центар, Битола, Прилеп, Велес и Охрид.