АРМ денеска во 18.00 часот ќе изврши почесна артилериска стрелба во пресрет на 8 септември, денот на независноста.
Артилерискиот баталјон на армијата ќе истрелна 10 плотуни од шест артилериски орудија стационирани во касарната „Илинден“.
АРМ ќе се вклучи во прославата на независноста на Република Северна Македонија и со приказот на дел од армиските возила, вооружување и опрема.
Во градскиот парк во Скопје ќе бидат изведени и музички нумери од страна на воениот оркестар, како дел од свечените активности за одбележување на државниот празник.
MIA