Велигден е еден од најголемите христијански празници. Според христијанската традиција, со него се одбележува воскреснувањето на Исус од мртвите и се слави победата на животот над смртта. Православните христијани го одбележуваат според јулијанскиот, а католиците и протестантите според новиот грегоријански календар.
Разликата меѓу двата календари се зголемува според бројот на престапни години во еден век. Во 2100 година разликата ќе биде 14 дена. Се случува верниците според двата календари да го прославуваат Велигден на ист датум. Последен пат Велигден според двата календари се прослави во ист ден во 2014 година. Тоа повторно ќе се случи во 2025 година.
Разлика меѓу грегоријански и јулијански календар
Јулијанскиот календар е постар од грегоријанскиот. Го вовел Гај Јулие Цезар и во Европа се користел до 16 век кога голем дел од христијаните го прифатиле грегоријанскиот календар. Официјално јулијанскиот календар бил прифатен по eкуменскиот собир во Ница во 325 година. Денес јулијанскиот календар го користат македонската, српската, руската, грузиската и антиохиската православна црква.
Кога се празнува Велигден
Воскреснувањето на Исус се празнува во првиот ден недела по пролетната рамноденица и првата пролетна полна месечина. Датумот кога се прославува Велигден може да биде различен, но секогаш се прославува во недела.
Католиците, според грегоријанскиот календар, го прославуваат од 22 март до 25 април, додека православните според јулијанскиот календар го слават од 4 април до 8 мај.
Сепак не може слободно да се каже дека со оглед на пролетната рамноденица која е на 21 март по првата полна месечина во недела ќе се прославува Велигден затоа што црквата за пресметување се служи со таблици развиени уште во средниот век.
Велигденски пости
Петок пред Велигден се смета за најтажен ден во христијанството. Според хриситјанското учење, тогаш Исус бил распнат во Ерусалим (Кудс). Бил осуден бидејќи проповедал учење кое е спротивно од законите на јудаизмот.
Велики Петок се смета и за ден кога постот е најстрог. Тогаш честопати постат и оние христијани кои не постеле седум недели колку што траат велигденските пости.
Вапсање јајца
Главниот симбол на Велигден е велигденското јајце. Јајцата за Велигден традиционално се бојадисуваат во црвена боја која ја симболизира крвта на Исус. Денес јајцата се бојадисуваат во многу бои, но доминира црвената. Кршењето на јајцата го симболизира воскреснувањето на Исус.
Зајакот кој полека се прифаќа и кај православните верници е карактеристичен за католицизмот, а го нема во православието.
По воскресението верниците се поздравуваат со поздравот „Христос Воскресе Навистина Воскресе“. Овие работи кои се однесуваат на Велики Петок и бојадисувањето јајца се исти кај православните и католиците. Што се однесува до постот кај православните внесувањето храна е ограничено. Месото, млечните производи, а во некои случаи и маслото не се користат во исхраната. Само во одредени денови верниците можат да консумираат риба.
Кај католичките христијани најтежок пост е во среда и петок пред Велигден. Тогаш верниците треба да консумираат по еден оброк, но не консумираат месо. Останатите петоци од постот имаат редовни оброци, но не јадат месо.
Во деновите на пост и православната и католичката црква повикува и на засилена молитва, покајание и прочистување на умот и душата.