Тешко е да се открие од каде доаѓаат заканите за бомби     Фото: МИА / Photo: MIA

Заканите за бомби се од странство и резултат на хибридна војна, рече на денешната прес конференција премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски.

„Безбедносната состојба во државата е стабилна, а МВР целосно и успешно ја врши својата работа за да ја гарантира безбедноста на секој граѓанин. Што се однесува до монструозниот чин на дојава на бомби, која прво започна во автобусите на ЈСП, потоа по училиштата во Скопје и во некои други градови, а во последниве денови се проширија во трговски центри и во поголеми станбени згради голем дел од овие дојави се работи за Ви-Пи-Ен врски хостирани во странство“, рече Ковачевски.

Според македонскиот премиер, речиси е апсолутно невозможно да се детектира од каде доаѓа дојавата, бидејќи Ви-Пи-Ен се приватни виртуелни мрежи хостирани во странски држави и затоа се работи со партнерските служби. Ковачевски истакна дека заканите се резултат на хибридна војна, а МВР дејствува со полн капацитет.

Премиерот на Свеерна Македонија нагласи дека МВР секојдневно комуницира со партнерските служби и членките на НАТО и со тие што имаме стратешка соработка. При тоа, при истрагата на овие хибридни напади поради геостратешки цели или локални напади заради други цели, МВР прави анализи заедно со службите за безбедност, АНБ и одделот за антитероризам. Што се однесува до мерките за антитероризам при дојава, според Ковачевски тие мора да бидат спроведени по целосниот протокол без притоа да се импровизира во кој било поглед.

На ваков тип напади масовно, посочи Ковачевски, се изложени и соседните земји, како на пример последните вакви дојави се во Црна Гора, но ги има и во Србија, како и во подалечни земји, како што се Нов Зеланд, Канада итн. Премиерот потенцира дека според експертите, ваквите активности се зголемени по отпочнувањето на војната во Украина, која се чии е најпогодена од ваквите напади како во интензитет така и во зачестеност.

TRT Balkan / агенции
Популарни