generalka vikend / Photo: Генералка викенд

Започнува најголемата еколошка акција во која ќе се вклучат над 16.000 волонтери, граѓански активисти и општествено одговорни компании во сите 80 општини и Град Скопје. „Генералка викенд“ е пролетна акција за чистење и селектирање отпад.

Во организација на активистите Гордана Софија и Ханс Јекл ќе бидат опфатени над 300 локации, а ќе се расчистува и околината на националните паркови Галичица и Шар Планина.

„Секој втор викенд од мај во период од десет години: почнувајќи од 2021 се до 2031 година нашата земја ја чистиме од отпадот на минатото и ја рециклираме во зелена иднина за нас и за генерациите кои доаѓаат“, стои во повикот на Генералка викенд.

Акцијата ќе се одржува од 17 до 19 мај, а ќе бидат вкчучени и основните и средните училишта.

Од 2021 година, повеќе од 25.000 волонтери од 51 општина собраа повеќе од 615.000 килограми отпад за време на настаните.

За секои 10 килограми собран отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Националните шуми ќе додадат по едно дрво во нивните годишни планови за пошумување. Од 2022 година благодарение на акциите на Генералка викенд беа засадени повеќе од 100.000 дрвја.

Секој граѓанин е повикан да се вклучи на акциите за собирање смет и зачувување на животната средина преку официјалните настани низ цела територија на земјата или пак да преземат индивидуални акции кои ќе дадат дополнителен придонес.

TRT Balkan / агенции
Популарни