Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) подготви нацрт Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) за периодот 2024-2036 и за истата спроведува постапка за стратегиска оцена на животната средина, согласно законските обврски и стратешките определби за заштита на животната средина преку воспоставување долгорочен и одржлив систем за управување со отпад. Од МЖСПП денеска информираа дека НСУO 2024-2036 ја претставува националната политика за управување со отпад во Северна Македонија и претставува почетна точка за подготовка и имплементација на интегриран и економичен систем за управување со отпад усогласен со националното и ЕУ законодавство и барања за отпадот. „НСУO ги поставува насоките за правилно управување со цврст отпад (УЦО) за следните 12 години заснован на принципите на одржливост и служи како основа за управување со сите текови на отпад. Општата цел на НСУО 2024 – 2036 е да развие одржлив, интегриран систем за управување со отпад со цел зачувување на ресурсите, заштити на здравјето на населението и превенција и намалување на негативните влијанија врз животната средина, намалување на емисиите на стакленички гасови и деградацијата на земјиштето“, појаснуваат од МЖСПП. Нацрт-стратегијата и Извештајот за стратегиска оцена се достапни на интернет страната на МЖСПП, во делот на „Соопштенија” (www.moepp.gov.mk), како дел од јавниот увид. Со цел пошироко вклучување на заинтересираната и засегната јавноста, беа организирани шест јавни расправи во земјата (Тетово, Штип, Струмица, Охрид, Битола и Скопје).
12 сеп 2024
МЖСПП: Подготвена е Национална стратегија за управување со отпад
„НСУO 2024-2036 ја претставува националната политика за управување со отпад во РСМ и почетна точка за подготовка и имплементација на интегриран и економичен систем за управување со отпад усогласен со националното и ЕУ законодавство.“
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Почнува „Генералка викенд“ - најголемата еко акција со над 16.000 волонтери
„Секој втор викенд од мај во период од десет години: почнувајќи од 2021 се до 2031 година нашата земја ја чистиме од отпадот на минатото и ја рециклираме во зелена иднина за нас и за генерациите кои доаѓаат“, стои во повикот на Генералка викенд
Негативни проекции: Северна Македонија во 2070 ќе има 1,2 милиони жители
Проекциите на Државниот завод за статистика се под претпоставка во земјата и регионот нема да има војни, ќе има нормална и стабилна внатрешнополитичка состојба и дека во првата половина на 2030-тите ќе се заврши процесот на асоцијација во ЕУ
Пендаровски: Безбедносните служби беа без клучни реформи во транзицијата
Долги години по независноста, безбедносните служби беа премолчено третирани како инструмент за контрола на политичките противници наместо како државни институции задолжени за националната безбедност, рече претседателот Стево Пендаровски
Написи во тренд во оваа категорија
Тајани: Италија сака да го види Западен Балкан во ЕУ пред 2030 година
Можеби на БиХ и треба повеќе време, но Србија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија постигнаа напредок и мислам дека 2029 година е вистинското време“, изјави Тајани на министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан денеска во Рим.
Тијана Илова, девојката која плени со изведби на традиционален тапан
Тапанот е првата љубов меѓу музичките инструменти на младата девојка од Кавадарци. На него свири веќе 15 години. Во почетоците импровизирала на инструменти кои сама ги правела, а сега свири пред голема публика. Талентот го наследила од нејзиниот дедо
Што друго би сакале да знаете?
Популарни